Лежерни скирол-масички за модерни ентериери

DesignMK

21/04/2015

16:34

3.253

Големина на фонт

а а а

Холандската компанија "Baked Roast" креира масички од даски за скирол, кои го внесуваат спонтаниот, лежерен дух на овој спорт во ентериерот.

Масичките се интересни за ентериерите уредени во поалтернативен, неформален дух, каде што е дозволено експериментирање со идеи, форми и со материјали.


Масичките потсетуваат на безгрижните моменти од младоста, слободата и креативноста при возењето скирол, спонтаноста кога скиролот од средство за забава, игра и превоз случајно станува мала масичка каде што може да се постави пикник или пијалаци додека сте со пријателите во парк.


Холандските дизајнери имаат изработено два модели на масички, и тоа целосно дрвени маси, каде што површината е изработена од висококвалитетно буково дрво, основата од канадски јавор. Масичката е лесна и стабилна, со штрафови во портокалова боја. Вториот модел е масичка со дрвена даска за скирол и железни ногарки во ретростил, малку потешка од претходната, но исто така стабилна и цврста.


Забавните, опуштени скејт-масички се одраз на стилот на живот и забава на „Baked Roast“, кои, како што велат, уживаат во возењето скирол и сурфањето и својата љубов кон спорот ја пренесуваат преку дизајнирањето модерен мебел.