Бидете дел од "Денови на словачката гастрономија" во Скопје

Точка

21/04/2015

10:59

1.291

Големина на фонт

а а а

Амбасадата на Република Словачка организира "Денови на словачката гастрономија" во Ресторанот Пелистер во Скопје од 20-ти до 26-ти април, 2015 година.

Словачкото мени вклучува 3 предјадења, 3 супи, 4 главни јадења и 3 десерти. Секако, ќе се служат и словачки вина и пива, но и ќе готви професионален готвач од Словачка.

Погледнете што сè ќе може да изберете од словачкото мени:

Предјадење:

1. Овчо сирење на скара на мешана салата со сусам и семки од тиква

2. Паштета од патка со тост и мешана салата

3. Словачки пушен кашкавал "Oštiepok" на мешана салата

Супи:

1. Словачка супа од кромид

2. Крем супа од шампињони

3. Супа од грав со пушено месо и колбасица

Главно јадење:

1. Ступавско ребро

(свинско ребро без коски, њоки со зелка, парче од пушено каре)

2. Свинско филе пикантно

(сервирана со тиквичка на скара, морков, свеж аспарагус, печени комири)

3. Пирошки со овчо сирење "Bryndza" со додаток павлака и младо кромитче

4. Паткини бутови со црвена зелка и Братиславска "Knedľa"

Десерт:

1. Декорирана штрудла од ореви

2. Мали палачинки со топли боровинки, чоколадо и шлаг

3. Палачинки со слатка урда и прелив од јагоди


Добар апетит и на здравје!