[ФОТО] Царината го фати „златниот патник“: Златна плочка од 848 грама вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел

Точка

19/05/2026

11:21

1.059

Големина на фонт

а а а

Царинските службеници на граничниот премин Богородица запленија златна плочка вредна 4,5 милиони денари, пронајдена во чевелот на патник на автобус од релација Гостивар-Истанбул, во акција против криумчарењето на вредна стока.

Златна плочка вредна 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица.

Случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела хартија.

Со умисла за криумчарење, сторителот, кој ја чувал плочката во сакото, непосредно пред контролата ја скрил во чевелот.

Против сторителот, од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, до ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

Царинската управа во континуитет спроведува активности за спречување на нелегална трговија и криумчарење вредна стока, со цел заштита на легалните трговски текови и економските интереси на државата.