Погледнете како денес изгледа една од најубавите "чуварки на плажата"

Точка

10/02/2015

08:35

11.243

Големина на фонт

а а а

Доколку сте ја гледале серијата “Baywatch”, тогаш сигурно се сеќавате на Јасмин Блит која, покрај Памела Андерсон, важеше за најатрактивната “чуварка”, но денес тешко кој би ја препознал.

Имено, актерката Јасмин Блит се стекна со светска слава благодарение на улогата на Керолајн Холден во најпопуларната серија во деведесеттите години ”Baywatch”.



Пред појавувањето во оваа серија, актерката зад себе имала неколку филмски улоги и појавување во помал број на телевизиски серии.



Меѓутоа, нејзината кариера тргнала во погрешна насока откако во 2001 година била уапсена поради поседување на кокаин. Неколку години се борела со зависноста од дрога, но на крајот успеала да и се врати на својата филмска кариера. Сепак, тоа не траело долго.


По неколку снимени филмови, Блит одлучила да го напушти Холивуд, но и глумата воопшто. Долготрајната борба со порокот очигледно оставила трага на нејзиниот изглед, па Јасмин денес не личи на жената по која што некогаш воздивнувале мажите ширум светот.

Поранешната актерка очигледно е дека е значително здебелена и видно остарена. Таа денес има 46 години, живее во Аризона со својот сопруг и веќе една деценија не се занимава со актерство.