Маж во живо на интернет објавувал како неговата сопруга го изневерува!

Точка

27/01/2015

21:33

8.672

Големина на фонт

а а а

Еден оженет маж минатиот викенд ја „запали“ социјалната мрежа Reddit кога во реално време објавувал сознанија за тоа како неговата сопруга го изневерува. Тој три дена пишувал за сè што се случувало, а потоа одлучил да направи и неколку краткометражни филмови за неверството на својата сопруга Џени.

„Мојата сопруга Џени и јас сме во брак осум години. Кога се запознавме имавме 22 години и двајцата дипломиравме. Беше супер досега. Еден на друг си ги дадовме лозинките од телефоните и мејловите.

Џени утринава спиеше и мојот брат ѝ пиша порака. Сопругата на мојот брат, Карли и Џени планирале да одат на излет надвор од градот, додека јас, брат ми и уште неколку пријатели планиравме да гледаме фудбал. Мојот брат во пораката бараше да ѝ испрати порака на Карли, затоа што нејзиниот телефон паднал во WC школката.

Јас сакав на тоа да одговорам нешто смешно и глупаво, па ги отворив претходните пораки. Друга порака по ред беше со некој тип кој се вика Зак. Не знаев кој е, но последното што ѝ го напишал беше знак за срце.

На мој ужас таму се наоѓаше експлицитна сексуална дискусија за тоа што сака тој да ѝ прави на Џени кога таа ќе појде во неговиот кревет. Најдов и неколку заеднички разголени фотографии. Повеќете беа испратени измеѓу 1 и 4 часот наутро. Сфатив дека мојата сопруга ме изневерува. Ми требаше некое време да сфатам дека тоа е крајот на нашиот брак“, ја започнал својата приказна овој неименуван маж кој се претставил под псевдонимот MyLifeSuxNow .

Покрај тоа што сè што се случувало потоа измеѓу неговата сопруга Џени и Зак го поставил на блогот, сега одлучил и да го екранизира се она што му се случило и на тој начин да и` се одмазди на сопругата. Сепак, филмчињата го немаат добиено својот крај, па очекуваме продолжение на приказната за Џени.