Знаеме со кого е денес во врска - но еве со кого се омажила на 18 години!

Точка

09/01/2015

11:50

24.915

Големина на фонт

а а а

42-годишната секс-бомба Софија Вергара изгледа дека повторно ќе оди пред олтар. Колумбиската актерка се свршила со актерот Џо Манганиело, но тоа за неа нема да биде прв брак.

Софија Вергара прв пат се омажила кога имала само 18 години, и тоа за нејзината љубов од средно училиште, Џо Гонзалез.


Од тој брак го има синот Мануел, кој сега има 22 години, а судејќи по фотографиите кои се појавиле во јавноста, изгледа дека Софија воопшто не старее - таа изгледа атрактивно и 24 години подоцна.


Ѕвездата на серијата "Modern Family" и нејзиниот 4 години помлад партнер се во врска од јуни минатата година. Врската ја започнале само 2 месеци по раскинувањето на Софија со Ник Лоеб, со кого била во врска од 2010-тата година.