Ефикасни трикови како сами дома да ја запрете забоболката

Доктори.мк

04/12/2014

13:29

10.421

Големина на фонт

а а а

Нема човек што до сега нема искусено забоболка барем неколку пати во животот.

Оваа болка е навистина лоша бидејќи едноставно не ви дозволува ништо да правите, ве прави нервозни и многу вознемирени. Посетата на стоматолог е задолжителна, но денешните совети ќе се однесуваат на тоа како да ја смирите забоболката барем до наредниот ден кога ќе можете да се обратите на стоматолог.


Забниот конец на помош - Добро локализирајте од кој заб доаѓа болката. Потоа земете го вашиот забен конец и исчистете ги празнините. Многу често боката се јавува како резучтат на храна која се заглавила помеѓу забните простори.


Млака солена вода - Млаката засолена вода е добра замена ако немате забен конец. На овој начин ќе ги исчистите забите и ќе ја смирите инфламацијата. Но оваа метода употребувајте ја само кога имате забоболка, солот не треба да се употребува редовно во испирање на устата.

Коцка замрзнат чај - Замрзенете неколку коцки зелен или црн чај и држете како облог на заболениот заб, не може да ви наштети може само да ви помогне.


Компир замена за пломба - Кога ќе испадне пломбата забот обично ќе започне да боли бидејќи останува не заштитен. Парче компир на местото е добро решение додека да побарате лекарска помош.