5 факти за женската мастурбација кои најверојатно не сте ги знаеле

Точка

27/10/2014

18:32

10.070

Големина на фонт

а а а

Еден интернет портал спровел истражување за женската мастурбација и открил неколку помалку познати факти за истата. Можеби нема да ви се верува, но сепак е вистина.

Порталот Jimmyjane.com објави неколку интересни факти за женското самозадоволување, за кои веројатно повеќето мажи не знаат. Еве кои се тие.

1. Мастурбираат многу повеќе жени отколку што мислите

Истражувањето покажало дека 92% од жените редовно мастурбираат, а веројатно останатите 8% лажат.

Истото истражување покажало и дека 62% од жените се самозадоволуваат два до три пати неелно. Околу 10% од нив, тоа го прават секој ден.

2. Некои жени мастурбираат и без физичка стимулација

Некои жени можат да се возбудат размислувајќи за нешто што ги возбудува и можат да постигнат оргазам и без физичка стимулација.

Бери Р. Комисарук, научник од Универзитетот Руџерс, ги проучувал жените кои можат да доживеат оргазам без допир. Се покажало дека таквиот оргазам кај тие жени е еднакво интензивен како и класичниот оргазам.


3. Мастурбирањето помага при менструалните грчеви

Експертите дошле до сознание дека хормоните, кои го потстикнуваат чувството на задоволство, се ослободуваат при самозадоволувањето и можат да помогнат во ублажување на болката и грчевите во текот на менструацијата.

4. Жените мастурбираат и за да можат полесно да заспијат

Некои жени се самозадоволуваат само поради забава, понекогаш тоа го прават и за полесно да се опуштат. Се покажало дека 32% од жените мастурбираат за полесно да заспијат.


5. Некои жени повеќе уживаат во мастурбацијата, отколку во сексот

Според истражувањето, 41% од жените признале дека уживаат повеќе при самозадоволувањето, отколку при сексот.