Во реално време: Следете го ширењето на еболата ширум светот!

Точка

25/10/2014

17:09

10.699

Големина на фонт

а а а

Ова е картата на која константно се ажурира појавата на болести, случаите на заболување и смртноста предизвикана од вирусните и бактерски инфекции ширум светот.

Со оглед на тоа дека светот се соочува ширењето на вирусот ебола и можноста од смртоносна пандемија, експертите од GlobalIncidentMap.com креирале мапа која ја истакнува појавата на болеста во реално време.

Имено, картата која константно се ажурира, ја покажува појавата на болеста, случаите на заболување и смртноста предизвикана од вирусните и бактериски инфекции ширум светот.

Секојдневното ажурирање можете да го погледнете ТУКА

Мапата се темели на извештаи пријавени на локаните веб страни ширум светот, како и други извори. Корисниците можат да пребаруваат различни "опасности", како што се, на пример, антракс, менингитис, птичји грип и слично.

Различни категории се означени со различни симболи. На пример, синиот триаголник над округот Џим Велс во Тексас укажува на крава која е заболена од антракс, додека малите кругови во Нешвил во Тенеси, покажуваат сомнение за постоење на ентеровирус-68.


Случаите за ебола се означени со портокалови триаголници. Така, според мапата, луѓе со симптоми на ебола моментално се хоспитализирани во Данска и Чешка, а мапата покажува и каде има забележано смртни случаи.

Картата покажува дека бројот на починати од ебола во Нигерија пораснал на 343, и дека Мали го потврдил првиот случај. Портокалов знак кој укажува на опасноста од смртни случаи предизвикани од грозницата Денга има во Индија, Пакистан и Кина.


Во Велика Британија картата покажува опасност во близина на каналот Лачестер, а според медиумските извештаи, би можела да биде предизвикана од птичја болутиза.

Картите од неодамна прикажуваат и случаи со трговија на луѓе, но и проблеми кои се јавуваат со храната и лековите.