"На Точак" е неформална група скопски велосипедисти, оформена првично преку социјални мрежи. Цел на "На Точак" и на организирањето на Критична маса во Скопје е популаризација на точакот како урбано превозно средство. Критична маса во Скопје се одржува секоја последна среда во месецот. A еве како се одвиваше последната...
Колку пати ви се случило да излезете со велосипед и да смислувате различни рути како да стигнете до одредено место за да го избегнете градскиот метеж? И на крај единствена опција за тоа ви е кејот на Вардар или можеби буткање низ локалните улички.

Зар не ви е здосадено да мора да се симнувате и качувате од велосипедска патека затоа што истата е со дупки, има поставено канти, знаци, паркирани автомобили или воопшто ја нема?
Скопје има велосипедисти и сака квалитетни вело патеки! Сакаме да одиме на велосипед до работа, до продавница, да ги пратиме децата на велосипед до училиште и при тоа да бидеме сигурни дека се безбедни. Имаме право да возиме на безбедни велосипедски патеки!

Повеќе велосипедски патеки значат:
-Возачите и пешаците да не мора да се грижат дека неочекувано ќе им се појави велосипедист на патот
-Помала веројатност на судири
-Драстично помал број на повреди на велосипедисти
-Повеќе велосипедисти
Ги бараме и поздравуваме следните мерки за зголемување на безбедноста на велосипедистите и зголемување на комоцијата и привлечноста на возење велосипед во градот:
Реконструкција на цела постоечка велосипедска инфраструктура.
Скопје има колку-толку 60-ина километри велосипедски патеки, кои мора да се доведат во одлична форма!
Велосипедски патеки на секој нов булевар. Да нема новоизграден булевар или поголема улица која ќе нема велосипедски патеки по стандарди! Улиците кои не го земаат предвид овој тип на сообраќај не се комплетни!
Воведување на зони 30. Станбените населби да станат места во кои децата ќе може безбедно и самостојно да одат на училиште пешки или на велосипед. Да се воведат зони со намалена ограничена брзина.
Нулта толеранција за возилата кои се паркираат на велосипедските и пешачките патеки. Пешаците и велосипедистите имаат право да ги користат местата планирани за нив и да не се принудени да се симнуваат на коловоз.

Кацигата можеби ќе ублажи незначителен процент од сообраќајните судири, но инфраструктурата ќе оневозможи и воопшто да се случат! Кацигата ќе го обесхрабри користењето на велосипедот, а инфраструктурата ќе охрабри нови велосипедисти!
Бројот на велосипедисти во Скопје полека, но прекрасно расте. Да ја поддржиме тенденцијата. Скопје заслужува подобра велосипедска инфраструктура!
Последната среда од месец август (27.08.2014), на 28-та по ред Критична маса Скопјани се собра на Плоштад Македонија за да покажат и докажат дека го сакаат Скопје на точак! Почисто, поздраво, поурбано! А еве и како се одвиваше нивното возење...

Фото: Ивана Дракулевска