Од крвопролевањето во Газа: Ужаснат и скршен, таткото го држи телото на своето мртво бебе по 18-дневното бомбардирање!

Точка

26/07/2014

11:58

6.253

Големина на фонт

а а а

Тот е едно од 800-те Палестинци - главно цивили од кои 120 деца - убиени по две неделното бомбардирање од страна на силите на Изреал.

Врисоците од болка на уништениот татко кој во раце го држи неподвижното тело на својот син ја прикажуваат човечката трагедија од конфликтите во Газа.


Трогателната фотографија е само еден ужасен момент од сите оние кои се одвиваат во Појасот Газа моментално. Бебенцето Тот е само едно од 800-те Палестинци - главно цивили од кои 120 деца - убиени по две неделното бомбардирање од страна на силите на Изреал кое ги наполни гробиштата на регионот со полн капацитет.

Самиот обид да се закопаат телата на саканите моментално е прашање на живот или смрт поради постојаните бомби кои им прелетуваат над глава.

На многу од гробиштата е опасно да се пријде, па семејствата се принудени да ги закопаат своите најмили во веќе преполнетите најблиски гробишта во знак на безбедност. Па сега жртвите се закопуваат по двајца во еден гроб, или во старите гробници на семејствата кои повторно ги отвораат.

Гробарот Абу Билал изјави: "Ништо не е нормално овие денови. Смртта е ужасна. Како да се однесувам нормално додека закопувам мали дечиња? Сликата од нивните невини лица не ја напуштаат мојата меморија така лесно"...

Повеќе од 150.000 Палестинци побегнале кон засолништата на Обединетите Нации - вклучувајќи го и училиштето кое беше гранатирано во четвртокот, убивајќи 15 души додека го чекале автобусот кој ќе ги превезе на безбедно.

Вчера шефовите на Израелската армија објавија дека војникот кој се водел за исчезнат по заседата во Газа од пред шест дена дефинитивно е убиен заедно со уште шест други иако неговото тело се' уште не е пронајдено.

Терористичката група Хамас инсистирала на тоа дека го држат заробен војникот Oron Shaul, давајќи го неговото име и ID бројот, но не испратиле ниту една фотографија да потврдат дека е жив.

До сега 33 Израелски војници беа убиени во жестоките куќа-до-куќа борби со милитантите на Хамас. Двајца Израелски цивили исто така се мртви.

Израелски таен агент бил виден како вперува пиштол кон Палестински цивил додека неговите колеги апселе друг за време на конфликтите кои следеле по Петочните молитви во близина на Стариот град во Источен Ерусалим.



Израелските сили се на појачана готовност откако пораснаа протестите поради цивилните жртви предизвикани од нивните погрешно насочени проектили во воената офанзива.

Еден демонстратор бил убиен откако палестинските фракции прогласија "Ден на гневот" по судирите околу Западниот брег и во некои делови на израелскиот-анексиран Источен Ерусалим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг