Парнарџиeва-Змeјкова доби благодарница од "Хемолог"

Нетпрес

02/07/2014

13:04

790

Големина на фонт

а а а

Достапност на потребните лекови, отворена врата на институцијата но и слух за проблемите кои резултираат со подбра здравствена грижа за лицата со хемофилија е сонот од пред 20 години кој денеска е реалност.

Ова на денешната средба со директорот на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова, го истакна Драги Лаушевиќ,престседателот на Управниот одбор на Здружението „Хемолог“.

За посветеноста во подобрување на квалитетот на здравствените услуги за лицата со хемофилија, претставниците на Хемолог и врачија благодарница на диркеторката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиeва-Змeјкова нагласувајќи дека создала атмосфера на доверба, почит и искена желба да се решат проблемите и да се одговори на потребите на лицата со хемофилија.

Парнарџиева-Змејкова им се заблагодари на претставниците на здружението за искажаната доверба и истакна дека правата на осигурениците се приоритет во агендата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Фондот и натаму ќе продолжи со практиката да остварува редовни директни средби со здруженијата на граѓани бидејќи цени дека тоа е вистинскиот пат да се изнајдат најдобрите начини за унапредување на квалитетот на здравствени услуги согласно современите медицински трендови.