9 типови на пенис со кои ќе се сретнете во животот

Точка

11/02/2014

11:21

52.177

Големина на фонт

а а а

Постојат некои ситуации за кои никој не може да ве подготви. Како на пример кога некој маж ќе се соблече, а вие "таму доле" ќе видите нешто што не сте очекувале.

Неговите тестисти се во големина на грејпфрут или пак неговиот пенис е "исушен"?

Секој пенис е уникатен. Кога машкото ќе го одвитка својот "пакет", жената мора да го задржи камениот израз на лице и никако не смее да открие дека е разочарана бидејќи самошто го видела најтенкиот пенис или пак, да пак, воодушевена бидејќи моментално гледа во најсовршениот пенис.


На жените им е тешко да се припремат за тоа што ќе го видат кога мажот ќе ги соблече гаките, но доколку сеуште сте во потрага по "оној вистинскиот", голема е веројатноста дека ќе наидете на овие неколку видови на пенис:

1. Пенис кој нема да го запамтите
Што да кажеме за овој тип на пенис? Би сакале да имаме нешто што би можеле да ви го кажеме, но.. едноставно..

2. Искривен пенис
Кога жената ќе "наиде" на крив пенис, веројатно ќе ја накриви главата во истата страна на пенисот и ќе се запраша како функционира сега ова? Епа фунционира, само во одредени пози сексот ќе биде подобар, а во некои.. полош. Но, тоа може да биде и предност, бидејќи кривот пенис може да стигне до оние места кадешто правиот не може. Пред да почнете да го осудувате кривиот пенис, дајте му прилика.

3. Пенис кој ќе ве донесе до солзи
Прво ќе се шокирате кога ќе го погледнете бидејќи е голем како пумпа за велосипед. Можеби ќе помислите дека сте права среќница бидејќи сте откриле такво богатство, но хорорт ќе следи нешто подоцна, кога тој пенис ќе се "запознае" со вашата вагина. Во тој момент ќе сфатите дека сепак не сте биле подготвени за толку "голем залак". Што да се прави? Секогаш можете да се откажете..

4. Речиси совршен во секој поглед
Се разбира, идеалниот пенис е субјективна работа. Во прашање се вкусови, а за вкусовите не се дискутира, но отприлика ќе знаете кога ќе го видите. Тоа ќе биде љубов на прв поглед. Поради ваквиот пенис ќе дадете се од себе да поминете уште некоја минута околу него. Тоа би можело да биде проблематично бидејќи неговиот сопственик веројатно е свесен за вредноста на "својот пакет", поради што најверојатно ќе се однесува како кретен. Епа.. Животот понекогаш не е фер.


5. Збунувачки пенис
Со овој тип на пенис следува голема неизвесност. Ќе го почувствувате и ќе си помислите "ОК е, не станува збор за мал пенис, ух.." - а потоа ќе го видите во "опуштена" состојба и ништо нема да ви биде јасно. Постојат два под-типа на збунувачки пениси: showers и growers. Showers се оние пениси кои во опуштена состојба изгледаат големи, но не се зголемуваат многу од тоа во ерекција. Growers се оние кои во опуштена состојба се навистина мали, мали, но во ерекција растат многу!

6. Величина 2
На почетокот ќе ви се причини дека во креветот сте го заборавиле пенкалото, но набрзо ќе ви стане јасно дека уствари станува збор за тенкиот пенис на мажот кој лежи до вас и ќе мора да го прикриете разочарувањето. Тенкиот пенис за вагината значи најмалку возбуда, па дури и кога е во својата максимална ерекција. Можеби добрата вест е тоа што неговиот сопственик е свесен за тоа, па тој недостаток ќе се обиде да го надомести на друг начин.

7. Осетлив пенис
Толку често го менува своето расположение што во одредени моменти од нигде никаде ќе премине во состојба на ерекција, а потоа, повторно од непознати причини, ќе се врати во својата првична форма. Во овој случај, најдобро е добро да се запознаете со сите негови расположенија и да внимавате на кое "копче притискате", тоа за возбудување или тоа за гасење.

8. Пенис со капче
Некои преферираат обрежан пенис, а некои необрежан. И ден-денес експертите не можат да се согласат што е подобро за мажите а што за жените за време на односот - кога пенисот е обрежан или кога не е. Како и да е, можеби во опуштена состојба неображаниот пенис изгледа смешно со својата "капа" но кога ќе постигне ерекција ќе се исправи гордо и без капата.

9. Краток и дебел пенис
Кога станува збор за овој топ на пенис, многумина би сакале да го сменат неговиот изглед, но нажалост, тоа е тоа. Секогаш ќе биде краток и дебел, дури и во ерекција. Ако ви е некаква утеха, овој пенис полесно ќе го почувствувате отколку тој тенкиот.