Оралниот херпес е инфекција на усните, усната празнина, или непцата, поради појавување на херпес симплекс вирусот. Предизвикува мали, болни отекувања или гноење. Се нарекува и herpes labialis.
Причини
Оралниот херпес е честа инфекција во областа на устата. Предизвикан е од херпес симплекс вирусниот тип 1 (ХСВ-1). Повеќето луѓе во светот биле инфицирани од херпес барем еднаш пред 20-годишна возраст.
После првата инфекција, вирусот „заспива“ (станува дормантен) во нервните ткива на лицето. Понекогаш вирусот повторно „се буди“ (се реактивира) и предизвикува болки и отекување на конкретното место.

Вирусниот тип 2 обично предизвикува херпес на гениталиите. Сепак, ХСВ-2 може да се пренесе на устата преку орален секс, и да предизвика орален херпес.
Херпесните вируси се шират многу лесно. Можете да го прифатите вирусот ако:
-Имате интимен или персонален контакт со некој кој е заразен
-Допрете нешто што е инфицирано со вирусот, како инфициран брич, марамче, садови, или други предмети кои ги споделувате со заразениот
Родителите можат да го пренесат херпесот на своите деца преку секојдневните активности.

Симптоми
Некои луѓе добиваат чир откако прв пат се во контакт со ХСВ-1 вирусот. Некои пак немаат никакви симптоми. Симптомите обично се појавуваат кај деца помеѓу 1 и 5 години.
Симптомите можат да бидат и незабележливи, но и сериозни.
Обично се појавуваат 1 до 3 недели откако ќе се изложите на контакт со вирусот. Ова може да трае и по 3 недели.
Предупредувачките симптоми вклучуваат:
- Чешање на усните или кожата околу устата
- Печење на усните или околу устата
- Скокоткање околу усните или устата

Пред да се појави отокот, може да добиете: воспалено грло, треска, потечени крајници, болно голтање.
Отоци и осип може да се формираат на вашите непца, усни, уста, грло.
Постојат и повеќе видови на отоци. Може да ви се појават:
- Црвени отоци кои се отворени и протекуваат
- Мали отоци кои се полни со бистра жолтеникава течност
- Повеќе помали отоци кои заедно формираат голем оток
Како што отокот се залечува, станува жолт и формира кора, за на крај да се претвори во розева, нова кожа.
Некои симптоми на други здравствени состојби се поклопуваат со оние на херпесот, па може да го помешате со менструација или хормонски промени, изложување на сонце, треска и стрес.

Како се лечи?
Симптомите можат да исчезнат и после 1 до 2 недели без лечење.
Вашиот матичен лекар може да ви обезбеди лекови за да се борите против вирусот. Овие лекови се нарекуваат антивирусни медикации. Ќе помогнат да се намали болката и ќе направат вашите симптоми да ги снема што порано. Можат да се користат следниве лекови:
- Авикловир
- Фамцикловир
- Валацикловир

Најдобро е ако овие лекови се примаат уште пред да се формира отокот, кога уште имате симптоми на сушење на устата. Ако вашата уста е постојано сува и изгледа како да треба да се формира херпес, веројатно би требало постојано да ги примате овие лекови.
Исто така, можат да се користат и антивирусни дерматолошки креми. Сепак, тие се многу скапи и понекогаш се помалку ефективни од апчињата.

И овие едноставни чекори можат да ви помогнат да се чувствувате подобро:
- Ставете мраз на топла чиста крпа на отоците да ја намалите болката.
- Мијте го отокот нежно со антисептичен сапун и вода. Ова ќе помогне да се спречи ширење на вирусот на други делови од лицето и телото.
- Одбегнувајте топли пијалаци, зачинета и солена храна, и цитрон.
- Правете гаргара со студена вода или јадете сладолед.
- Плакнете ја устата со солена вода.
- Пијте апче за олеснување на болката како ацетаминофен (тиленол).