Кано Кристалес, прекрасната река која "тече во рајот"

Точка

05/10/2013

22:06

11.612

Големина на фонт

а а а

Кано Кристалес е река која се наоѓа во Сераниа де ла Макарена во Колумбија и истата е светски позната поради спектарот на бои кои што ги има во себе, па најчесто се опишува и како "најубавата река на светот", "реката од пет бои" и "реката која тече во рајот". Зошто е тоа така, проверете во продолжение!

Алгите и мовот на дното од реката се и главните "виновници" за прекрасните бои во реката. Во текот на дождовните сезони, Кано Кристалес станува подлабока и тече многу силно, притоа спречувајќи ја сончевата светлина да допре до алгите.


Но, во текот на сушните периоди, во реката нема доволно вода за живот. Сепак, во периодот помеѓу овие две сезони, кога условите се совршени, реката Кано Кристале станува и најубава во светот.


Илјадници нијанси на жолта, црвена, зелена, сина и црна создаваат глетка која што ги остава без здив дури и најрамнодушните минувачи. Но, до најубавиот дел од реката, кој се наоѓа во пустина, не може да се пристигне едноставно, па до "рајските" делови се доаѓа само пешки или со коњ, што целата посета на оваа река ја претвора во своевидна авантура.


Пред неколку години, поради терористичките активности во регионот и поради загриженоста како тоа влијае на околината, сите пристапи до реката биле затворени.

Сепак, во 2009 година овој рајски крај повторно станал достапен за туристите, а неколку колумбиски туристички агенции во своите аранжмани нудат посебна понуда за посета на оваа, како што тврдат многумина, најубавата река во светот!



















Спонзорирани линкови

Маркетинг