Досетливи цитати за бракот

Точка

26/09/2013

14:54

15.497

Големина на фонт

а а а

Некои го сметаат бракот за обичен потпис на лист хартија, за некого тој е најсветата и најважна институција, за трети пак е само мисловна именка... И кои и да се вашите гледишта и сфаќања за бракот, овие цитати на познатите во секој случај слатко ќе ве насмеат.

Сите луѓе имаат свој став за тоа што е бракот. И додека едни се противат на обврзување на ваков начин, други сметаат дека е света институција која на човекот му доаѓа како нормален и природен настан во текот на животот. Без оглед на тоа дали сте припадници на едната или другата група, не е важно, бидејќи секој си живее според сопствените идеи и убедувања.

А во меѓувреме, оженети или омажени, верени или слободни, прочитајте што многу од познатите и историски личности рекле за бракот.

„Во секој случај, оженете се. Ако најдете добра жена, ќе бидете среќни. Ако најдете лоша, ќе станете филозоф“ – Сократ.

„Совршениот брак би подразбирал слепа жена и глув маж“ – Мишел де Монтен


„Пред бракот држете ги очите ширум отворени, а за време на бракот затворете ги до половина“ – Бенџамин Френклин

„Бракот не е ниту рај ниту пекол, туку едноставно чистилиште“ – Абрахам Линколн

„Бракот е прекрасна институција, но кој сака да живее во институција?“ – Граучо Маркс



„Кога мажот ја отвора вратата од автомобилот за својата сопруга, или е нов автомобилот, или е нова сопругата“ – принцот Филип

„Постои само еден начин да имате среќен брак. Штом дознаам кој е тој начин, повторно ќе се оженам“ – Клинт Иствуд

„Кога маж ќе ви ја украде сопругата, нема подобра одмазда од таа да му дозволите да ја задржи“ – Саша Гатри

„Мојот сопруг и јас не можеме да се одлучиме дали да купиме куче или да добиеме дете. Дилемата е всушност дали да го уништиме килимот, или своите животи“ – Рита Раднер

„Бракот е земање и давање. Подобро дајте и се’, зошто инаку сама ќе си го земе“ – Џои Адамс


„Жената мора да биде жена нон-стоп. Бидејќи никогаш не се знае кога мажите можат да станат мажи“, „Колку е бракот подолг, толку се речениците пократки“ – Душко Радовиќ

„Пропаднат брак е оној во кој жената поминува во кујната исто толку време колку што пред мажењето поминала пред огледало“ – Тухолски

„Бракот е кога одите секаде со својата жена, но потајно се надевате дека ќе има ви-фи таму каде што одите“ – анонимен

„Всушност, мојата сопруга беше незрела. Јас се бањав во кадата, а таа си доаѓаше од работа и ги потопуваше моите бродови“ – Вуди Ален



„Ние го имаме најдобриот предбрачен договор. Се вика љубов“ – Џин Перет

„Проблемот со бракот е тоа што завршува секоја ноќ после водењето љубов, а треба да се изгради изутрината после појадокот“ – Габриел Гарсија Маркез


„Мојот маж и јас никогаш не сме размислувале за развод. За убиство, да, повремено. За развод, никогаш“ – Џојс Брадерс

„Мажите меѓусебно толку малку се разликуваат, што можете слободно да останете омажена за првиот“ – Адел Роџерс Сент Џон

„Мојата сопруга и јас ја дознавме тајната за среќен брак. Два пати неделно одиме во фин ресторан на добро вино, вкусна храна... Таа оди во вторник, а јас во петок“ – Хенри Јангман



Спонзорирани линкови

Маркетинг