Погледнете ги новите гаражи за секс

Точка

04/09/2013

16:43

8.069

Големина на фонт

а а а

Дрвените "гаражи" за секс, кои од неодамна постојат на улиците во Цирих, претставуваат ново место за "уличните дами" каде што ќе можат да ги приберат своите клиенти.

Дрвените боксови се доволно големи и за цел автомобил да може да влезе внатре, а направени се со цел да се подигне нивото на безбедност пред се за жените кои наплатуваат за сексуални услуги.

„Тие жени влегуваат во автомобили на секакви непознати луѓе и никогаш не знаат каде ќе завршат. Некогаш ги носат надвор од градот, во шума, далеку од цивилизацијата“, рекле во Службата за социјална помош.

Овие „секс-кутии“ се опремени со аларм, а имаат и простор за преслекување. Постерите кои се закачени по ѕидовите потсетуваат дека треба да се користи заштита за време на сексуалниот чин.

„Цирих е дестинација за секс, но тоа луѓето не сакаат да го признаат“, рекла Регула Ротер од Центарот за помош на бездомници.

Дали овие гаражи на кои беа потрошени 1,5 милиони фунти, ќе бидат користени само од страна на проститутките или ќе претставуваат засолниште и за обични љубовни парови, останува да видиме.