Атлантида (или Атлантика) е опишана во предмети и книги од античкото време како остров во морето на запад од познатиот свет, близу до Карпите на Херкулес (веројатно Гибралтар). Затоа, не е дел од познатата географија во тој период. Се мисли дека земјотрес го потопил древниот град во океанот.
Прв пат се споменува во дијалозите Timaeus and Critias, напишани околу 360 години пред нашата ера од грчкиот филозоф Платон (429-347 ПНЕ). Египетски свештеник имал за задача да го опише на грчкиот политичар Солон (638-559 ПНЕ).
Свештеникот раскажал дека Атлантида била огромна – поголема од Мала Азија и Либија заедно. Имале технолошки напредна цивилизација, како што кажувал свештеникот, уште во 10-тиот милениум пред Христа.

Арапските географи кои ја пропагирале приказната за Атлантида и средновековните автори од Европа сметале на ова како факт.
Атлантида во грчката митологија
Грчките митови велат дека Посејдон се заљубил со смртна жена од Атлантида која се викала Клито, ќерка на Евенор и Леусип. Клито му родила 5 пара близнаци, сите момчиња. Најстариот син, Атлас, станал првиот крал на Атлантида и владеел над планините и околната област, а неговиот брат-близнак, Гадеирус, го добил надворешниот дел од островот, се’ до Карпите на Херкулес.

За да ја заштити Клито, Посејдон издлабил замок во централната планина и ја опколил со вода и копно. Замок во чест на Посејдон бил изграден на врвот на планината.
Главниот град бил сместен надвор од овој прстен со вода. Под модерниот град имало плодно земјиште, и поради добрата клима во Атлантида имало и по 2 жетви годишно.
Атлантида била просперитетна и прекрасна, и ги напаѓала нациите се’ до Египет – но не успеале да ја покорат Атина. Како што вообичаено се случува со најмоќните нации, Атлантида станала корумпирана и уништена од алчност и моќ. Зевс, богот над боговите, ги собрал и другите богови со цел да одреди казна за жителите на Атлантида.

„Но подоцна таму се случиле катастрофални земјотреси и поплави, и еден пеколен ден кога ноќта паднала над нив, кога сите тела на воините ги голтнала Земјата, островот Атлантида го голтна морето и исчезна“ – ова се писанијата на грчките историчари.

Атлантида е пронајдена?
Океанографите, професорите и оние кои ги сакаат теориите на заговор ја сместуваат Атлантида секаде на светската карта – од остров во Егејското Море (Тера, односно Санторини претрпел земјотрес во 1640 година ПНЕ, и исчезнала постоечката мијонска цивилизација), Канарските Острови, Куба, Гибралтар, Сандаленд, Скандинавија, и многу други.
Со оглед на тоа што многу антички цивилизации – како Троја, долго се сметале за мит, постои можноста археолозите некогаш да и’ ја најдат трагата на Атлантида.