[ВИДЕО] Вирално патување од кошмар: Тиктокерки по грешка одлетале на друг континет

Точка

09/09/2025

16:15

567

Големина на фонт

а а а

Ова веројатно е кошмарот на секој патник – да се качиш на погрешен лет и да завршиш на сосема друг континент.

Токму тоа им се случило на тиктокерката Бритни Џиало и нејзината пријателка, кои завршиле на лет за Тунис, главниот град на истоимената северноафриканска земја, откако вработен во авиокомпанијата погрешно ги слушнал кога резервирале билети за Ница, град на францускиот брег.

Сфатиле каде одат дури во авионот

Девојките ја сфатиле својата грешка дури во авионот, откако Бритни започнала разговор со сопатник која ѝ открил дека патува за Тунис, а не за Ница.

„Треба да одиме во Ница, Франција“, ја информирала Бритни стјуардесата, како што може да се види во видео објавено на ТикТок. „На погрешен лет сме.“


Меѓутоа, стјуардесата им објаснила дека било предоцна да се симнат од авионот бидејќи нивниот чекиран багаж веќе бил натоварен. Наместо да се вратат, тие морале да го продолжат летот и да се обидат да го решат проблемот на нова, неочекувана дестинација.


„Ќе мора да преседиме во Тунис“, рече Бритни пред камерата. „Одиме во Африка.“

Хаос на аеродромот

По слетувањето во Тунис, настанала уште поголема конфузија. Бритни и нејзината пријателка се обиделе да го објаснат недоразбирањето на персоналот на аеродромот, но ситуацијата била дополнително искомплицирана од јазичната бариера и фактот дека „to Nice“ и „Tunisia“ звучат многу слично.


„Нè тераат да платиме за нов лет, велејќи дека не можеме да се качиме на следниот вечерва“, сподели таа во друга објава на ТикТок. „Сите се непристојни“, додаде тиктокерката.


Според неа, расправијата траела со часови пред трет вработен во авиокомпанијата да пронајде решение. Тој им нашол лет од Тунис таа вечер, па дури и го замолил капетанот да почека додека брзале кон излезот.


На крајот, Бритни потврди дека конечно стигнале на нивната оригинална дестинација. Споделувајќи фотографија од нејзината пријателка како позира покрај фонтана, таа напиша во описот: „Ница, запирка, Франција“.