Клетвата на Кенедиеви

Точка

08/08/2013

14:53

16.014

Големина на фонт

а а а

Семејството Кенеди е веројатно најпознатото семејство сочинето од политички личности и јавни фигури, но освен што е особено успешно, е и необјасниво несреќно.

Несреќите започнале да се појавуваат уште кога децата на Џозеф и Роуз Кенеди растеле. Тие ги наследиле своите родители и во популарноста, и во успехот. Сепак, несреќниот дел е што сите среќи и несреќи на родителите се пренесувале и на децата. Затоа се вели дека постои клетва која ги мачи членовите на семејството Кенеди. Нема начин да се докаже дали постои вакво нешто, но едно е познато – Кенедиеви со години се навистина претпазливи.


Убиства

Најпознатата и најозлогласената трагедија на Кенедиеви, убиството на Џон Фицџералд Кенеди е можеби најзапаметениот настан на 20-тиот век во модерната историја на Соединетите Држави. На 22 ноември 1963 година, претседателот и неговата сопруга среќно ја поздравувале толпата во Далас, Тексас од нивната лимузина-кабриолет. Во 12:30 часот според локално време, три или четири куршуми промениле се’. Убиецот бил Ли Харли Освалд, кој бил убиен и самиот откако бил уапсен. Некои веруваат дека не делувал сам , но веројатно никогаш нема да дознаеме.


Помалиот брат на Џон Ф. Кенеди, Роберт, бил на брза лента по стапките на својот брат. Бил кандидиран за претседател откако Џон бил убиен, и самиот бил убиен после изразената поддршка за Израел. Пукањето се случило во Амбасадор хотелот. Дваесет и шест часа подоцна, Роберт им подлегнал на раните.

Операција која не требало да се случи

Долго време пред Џон да биде убиен, неговата помала сестра Роузмери настрадала во трагедија која може да биде припишана на незнаењето и амбицијата. Малата Роузмери отсекогаш била неволја за нејзиното семејство. Била многу емотивна и побегнала од хотел додека татко и’ бил на конвенција. Секако, таа била млада жена и го имала секое право да патува каде сака, но нејзината преамбициозна фамилија ја гледала како ментално ретардирана.

Нејзините семинарски работи,тестови и студии кажуваат дека имала просечна интелигенција. Нејзиниот татко наредил да и’ се изврши лоботомија кога имала 23 години. После операцијата не можела да зборува и го поминала целиот свој живот во ментална институција.



Кенедиеви и авионите

На 12 август 1944 година, три години после операцијата на Роузмери, Џозеф П. Кенеди летал над Англија кога авионот со кој пилотирал експлодирал. Не го преживеал инцидентот.


Четири години после несреќата на Џозеф, уште една авионска несреќа одзела живот на член на Кенедиеви. На 13 мај 1948 година, Кетлин Кевендиш, родена Кенеди, починала во Франција кога авионот во кој се наоѓале таа и нејзиниот свршеник се срушил. Имала само 28 години и веќе била вдовица. Ова требало да биде нејзин втор брак.

На 19 јуни 1964 година, Тед Кенеди преживеал во авионска несреќа, во која две лица го изгубиле животот. Претрпел повреди на грбот, пунктура на белите дробови и други поситни повреди.

На 16 јули 1999 Џон Ф. Кенеди Јуниор починал кога авионот со кој управувал се срушил во близина на Марта’с Вајнјард во Масачусетс. Несреќата била негова вина, бидејќи бил некомпетентен. Имал 38 години.

Кенедиевите и автомобилите

Две автомобилски несреќи исто така ги разнишале животите на Кенедиеви. Тед Кенеди „слетал“ со автомобилот во вода. Неговиот сопатник се удавил.

На 13 август 1973 година, синот на Роберт Кенеди, Џозеф Кенеди Втори преживеал автомобилска несреќа, но жената која била со него во автомобилот останала парализирана до крајот на животот.


Бебиња, скијање, болести и самоубиства

Џон Ф. Кенеди и неговата сопруга Жаклин имале женско дете родено на 23 август 1956 година. Девојчето било мртвородено. На 9 август 1963, се родил Патрик, кој бил жив само 4 дена.

Синот на Тед Кенеди, Тед Јуниор имал ампутација на ногата во ноември 1973 година. Имал само 12 години и страдал од рак на коските.

На 25 април 1984 година синот на Роберт, Дејвид, починал од предозираност од кокаин и Демерол. Имал само 28 години.


Другиот син на Роберт, Мајкл, починал на 31 декември додека скијал. Имал 39 години.

На 16 мај 2012 години, Мери Ричардсон Кенеди, сопругата на Роберт Ф. Кенеди Јуниор се обесила во нивниот дом во Масачусетс.


И покрај тоа што не можеме да кажеме дека семејната клетва на Кенедиеви постои или тие се само несреќно, големо, славно семејство кое нема среќа и долг живот.