Нов рекорд: Нуркач поминал под вода цели пет дена!

Точка

06/08/2013

15:06

6.039

Големина на фонт

а а а

Џери Холтон, по поминати пет дена под површината на водата во езерото Саут Холстон во Бристол, си обезбедил свое место во Гинисовата книга на рекорди, поставувајќи го светскиот рекорд во најдолго нуркање во слатка вода.

Рекордот кој што Џери успешно го срушил е 120 часа, 14 минути и 11 секунди, колку што под водата поминал Алан Шерод уште во 2011 година.


Со помош на специјалната опрема, Хол редовно јадел и спиел, а во текот на сонот тој носел целосна маска, се со цел да се спречи случајното задушување од вода, а храна му носеле волонтери од нуркачкиот клуб.

"При оброците тој користеше најобичен регулатор", објаснил член од тимот на Хол. "Му ја сечевме храната на мали парчиња, ја пакувавме во кесички и му ја носевме доле. Тој потоа го вадеше регулаторот од устата, ја ставаше храната помеѓу усните, ја плукаше водата и голташе", додале експертите.


Се со цел да "утепа време" за време на својот потфат, Хол имал подводен телевизор поврзан со ДВД плеер, па така, можел да слуша музика и да игра неколку различни игри, а повремено им и испраќал пораки и на сите оние кои што биле горе и го очекувале.