Кој ќе го чува кралското бебе: Полицајци, невидливо обезбедување и нинџа-дадилки

Точка

22/07/2013

14:17

7.748

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Велика Британија во април известија дека бебето на принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон ќе биде родено во Кралскатас Беркшир болница, каде е родена и Кејт.

Меѓутоа, ова се испостави како неточно бидејќи Кејт ќе се породи во болницата Света Марија во Лондон, каде се родени принцовите Вилијам и Хари.

„Станува збор за болница која не е во состојба да излезе на крај со сите безбедносни потреби на ова раѓање. А и кралското семејство најверојатно ќе сака да влезе во болницата без поголеми проблеми и кога се другите пациенти во болницата во прашање, а Света Марија може тоа да го исполни“ – смета Викторија Арбитер, дописник за АВС News.

Приватното крило Линдо во болницата нуди апартмани за пораѓање и доктори кои имаат искуства со „комплексните бремености“. Но она што е можеби најинтересно, со оглед на важноста на целиот настан, е дека не би требало да се очекува „голема промена во полициското присуство“ за време на и после пораѓањето. Нивното присуство е само малку зголемено.


Кога станува збор за безбедноста на ова семејство, за нив е многу поважно бргу да се вратат дома после пораѓањето, од зголеменото обезбедување во нивното опкружување.

„Принцезата Дајана го доби Вилијам на 21 јуни, а болницата ја напушти на 22 јуни. Многу е веројатно дека и Вилијам и Кејт ќе го сторат истото. Доколку нема поголеми проблеми при пораѓањето, Кенсингтонската палата им нуди приватност и безбедност без додатни проблеми“ – смета Арбитер.

Војводата и војвотката од Кембриџ, како што се формално познати, ќе живеат во поранешните соби на принцезата Маргарет, кои моментално се реновираат.

За жал, ќе мораат малку да причекаат, бидејќи мајсторите малку доцнат со рокот.

„Нема врска дали сте обична личност или дел од кралско семејство –ако реновирањето требало да биде готово во јуни, ќе биде во септември“ – шеговито изјавиле од платата.

Кралското бебе е на пат

Како и останатите членови на семејството, и Вилијам и Кејт ќе ја напуштат болницата на главниот влез за на новинарите да им овозможат да ја извршат својата работа.

Кралското семејство сака да биде видено и пристапно на своите поданици колку што е тоа можно.


„Тоа ги прави нештата значително покомплицирани кога е потребно да се чуваат од многуте лица кои можеби би сакале да им наштетат, но лицата задолжени за нивната безбедност се секогаш со нив и будно ги следат, дури и ако не ги гледате“.

Кенсингтонската палата ќе им понуди на Вилијам и Кејт адекватна заштита и безбедност, додека домот на Кејт исто така ќе доживее промени со цел поголема заштита.

Кога детето ќе порасне, во неговиот живот веројатно ќе влезе нова личност која ќе се грижи за неговата безбедност – дадилка.

Во Велика Британија постои посебна изрека: „Раката која ја лула колевката владее со царството“, а од 1892 година во Норланд Колеџ во Бат се тренираат посебни дадилки за кралското семејство и другите важни личности.

Сите дадилки знаат боречки вештини за да можат да го одбранат детето од потенцијални напаѓачи и запознаени се со посебни техники на возење за да се ослободат од папараците.

Без оглед на сите околности, се чини дека моменталното раѓање на најновиот член на кралското семејство е под потполна контрола.


Спонзорирани линкови

Маркетинг