Србија го избра својот претставник за „Евровизија“: Песната „Рамонда“ и Теја Дора заминуваат за Малме

Во финалето на српскиот избор за песна на Евровизија победи песната „Рамонда“ во изведба на Теја Дора. Претставничката беше избрана меѓу шеснаесетте натпреварувачи, врз основа на гласовите на жирито и публиката.