Има само 17 години и цел свет „под нозе“: Која е Монро, француската претставничка што ја разбранува Евровизија?

На 70. Евровизија има изведувачи од различни профили и жанрови, но веднаш се издвои најмладата учесничка, која нè воодушеви со својот глас на прво слушање. Станува збор за француско-американската пејачка Монро Вата Ригби, која под името Монро настапува за Франција.