Приказна која ќе ја обожаваат и оние кои не сакаат историја: Kој бил Васа, човекот по кој Васината торта го добила името?

Васината торта е омилен деликатес на генерации сладокусци од просторите на поранешна Југославија, која со децении ги збогатува прославите во многу домови. Но, дали некогаш сте се запрашале – кој всушност бил Васа? Готвачите велат дека најстариот рецепт за оваа торта датира од 1908 година, од Параќин. Според приказната, таму живеел извесен Васа Чокрљан и тој е главниот актер на нашата приказна. Неговата сопруга Јелена била со кревко здравје и кога забременила, локалниот лекар го известил семејството дека породувањето може да ги загрози и нејзиниот и животот на детето. Сепак, Васа не се предал! За својата сопруга почнал да ги бара најдобрите постоечки лекари, а патот ги одвел дури до Виена. На крајот, љубовта и вниманието се исплателе – Јелена со лекувањето од страна на виенските лекари родила здраво дете, а и самата таа набрзо закрепнала. Во чест на самопожртвуваниот Васа, неговата тешта – мајката на Јелена, направила торта која ја именувала по својот зет. Така и останала до денешен ден – Васина торта.