Невообичаена глетка на плоштадот во Скопје: Маж се залепи со самолеплива лента на бандера

„Супорт Кочани“ денеска направи герила акција на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со цел да допре до оние кои раководат со државата, бидејќи, како што велат тие, донациите се намалуваат, а семејствата на оние кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ имаат потреба од пари за да продолжи лекувањето на децата.