Најдоброто од битката за титулата: Петте потези кои го одбележаа финалето во Евролигата

Составот на Реал Мадрид е наследникот на Анадолу Ефес на врвот на европската кошарка, односно дојдоа до тронот откако во драматичното финале во Каунас го совладаа грчкиот великан Олимпијакос. „Кралевите“ покажаа карактер, знаење, умешност, упорност и се изборија за 11. трофеј во својата историја, трофеј кој ќе се памети со оглед на тоа каков пат минаа избраниците на Чус Матео за да бидат број еден. Од финалето беа избрани најдобрите пет потези, а сосема очекувано листата ја предводи Љуљ со кошот за титула на три секунди до крајот.