Снимил балканска верзија од „The Last of Us“, луѓето пишуваат дека е подобра од оригиналот

Српскиот Јутјубер Милош Милаковиќ снимил балканска верзија од популарната HBO серија „The Last of Us“. Во скечот Милош го толкува ликот на Џоел, кој во оригиналната серија го глуми Педро Паскал. Со него е и Ели, која во скечот ја глуми Милица Лукиќ, а видеото толку ги насмеа луѓето што многумина пишуваат дека им се допаднало повеќе и од оригиналната серија.