„Фор-фор-тунс“ со своја комична епизода за дербито на „Енфилд Роуд“: Клоп лета со авион, сите си играат со Мартинез…

Ливерпул си поигра со Манчестер Јунајтед во неделната пресметка на „Енфилд Роуд“, оствари победа од 7-0 која долго ќе ја паметат навивачите на „црвените“, а во исто време долго ќе ги пече симпатизерите на „ѓаволите“. Ваквиот резултат донесе и се уште носи реакции, коментари, па од свој агол и во свој стил епизода за случувањата во Ливерпул имаа и дечките од „Фор-фор-тунс“. Анимираната верзија од 130 секунди која сигурно ќе ве насмее.