Серијата „Wednesday“ го сруши рекордот на „Netflix“ за серии на англиски јазик со најмногу часа гледаност во една недела. Остварувањето во кое глуми Џена Ортега како Венсдеј Адамс се наоѓа на врвот на топ 10 ТВ листата за неделата од 21-ви до 27-ми ноември со 341,2 милиони прегледани часа по премиерата на 23-ти ноември.