Потезите на Данецот кои го изнервираа напаѓачот: Како Андерсeн го „изнуди“ црвениот картон на Нуњез

Ливерпул не ја потврди улогата на фаворит и освои само бод на дуелот против Кристал Палас кој синоќа се одигра на „Енфилд Роуд“. Една од причината за ремито дефинитивно е Дарвин Нуњез кој заработи црвен картон во второто полувреме и тоа откако се „исклучи“ и со удар со глава го „нокаутираше“ стоперот Јоаким Андерсeн. Поради ова неговите колеги мораа да играта со играч помалку на теренот, но и во таква ситуација дадоа гол за реми.