Изгледа како да не е на Земјата: Ова место има отровни гасови, вода што врие и услови во кои не преживуваат ни микроби
Жолти, зелени и портокалови наслаги, базени што вријат, екстремна киселост, огромни количества сол и отровни гасови. Далол во Етиопија изгледа како пејзаж од друга планета, но токму поради екстремните услови претставува една од најинтересните природни лаборатории за научниците кои ги проучуваат границите на животот.








