Кучињата можат да бидат одлични дадилки, а оваа прекрасна дога покажала и зошто

На видео кое кружи на социјалните мрежи е снимен момент во кој една дога чува 1-годишно дете кое се обидува да се качи по скали. Догата во повеќе наврати се обидела да го одврати детето од идејата со својата муцка и шепи, а на крајот ѝ успеало. Погледнете го преслаткото куче кое покажало дека не е само најдобар пријател туку и одлична дадилка.