Видео сторија од покриениот базен во Охрид: Состојбата на објектот е катастрофална
„Оградата е урната на повеќе места, а и вратата со денови е отворена. Од некоја чешма постојано тече вода, а напуштени се и работничките бараки кои се лево од самиот влез. Побаравме чувар или одговорно лице, но не сретнавме никого и направивме неколку фотографии и видео од објектот на кои се гледа состојбата во која се наоѓа објектот во моментов“.








