НБА топ 5: Дончиќ го измести Џонсон и го испрати на паркетот, Адетокумбо полета за последен пат во „Ти-Ди Гарден“

Кошаркарите на Далас Маверикс и Бостон Селтикс се изборија за победи во мајсторските против Феникс Санс и Милвоки Бакс и изборија пласман во полуфиналето на западната и источната конференција. Избрани се најдобрите потези на денот, листа на која има место за Дончиќ кој уште еднаш во оваа серија си поигра со Џонсон. Број еден е Адетокумбо кој за последен пат леташе високо во сезоната и тоа во „Ти-Ди Гарден“.