Едно од најнеобичните езера во Европа: Изгледа совршено, но капењето во него е забрането

Лагоа до Пау Пике е мало вулканско езеро на островот Сао Мигел, во близина на населените места Санто Антонио и Капелаш. Станува збор за интересна туристичка атракција на португалските Азори, која особено ги привлекува љубителите на природата и планинарењето. Езерото се наоѓа во вулкански кратер, исполнето е со кристално чиста вода и има речиси совршена кружна форма. Тоа е дел од вулканскиот систем Сете Сидадеш, а гледано од птичја перспектива, потсетува на око.