Гол за паметење: Белингам приреди жонглерска лудорија пред да ја затресе мрежата на ПСВ

Џуд Белингам е еден од играчите кои се во најдобра форма во Европа и во светот, а тоа го потврди и во победата која ја оствари Реал Мадрид против ПСВ во петтата рунда натпревари во Лигата на шампиони (5:1). Џуд режираше спектакуларна жонлгерска претстава пред да ја смести топката во мрежата на ПСВ, па во тој момент веднаш стана јасно дека Реал тргна во офанзива по трите бода.