На овој јапонски остров луѓето живеат во внатрешноста на вулкан: Имаат геотермална сауна и само една продавница
Ако некој ви каже дека живее во Токио, веројатно замислувате облакодери, возови и милиони луѓе. Но, границите на јапонскиот главен град се протегаат многу подалеку од центарот на градот. На околу 358 километри јужно од Токио, во средината на Тихиот Океан, се наоѓа Аогашима - мал вулкански остров кој административно му припаѓа на Токио.








