Трамп ја повикал Ники Минаж на сцената, па го коментирал нејзиниот задник: „Тешко е да не се забележи“
Американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на изборите за Сенатот организирал собир во Мичиген, на кој повторно му се придружила познатата раперка Ники Минаж. Таа себеси се нарекла негова „обожавателка број еден“, но од целата вечер најмногу се зборува за коментарите што Трамп ѝ ги упатил на раперката, особено пофалувајќи го нејзиниот изглед.








