„Мислам дека ова е најубавиот стан во цел Њујорк“: Актерката ја покажа секоја просторија од својот пентхаус
„Ова е најубавиот стан во цел Њујорк! Имаме голема среќа што го најдовме! Живееме на покривот и гледаме кон целиот Њујорк. Зградата е изградена во 20-тите години од минатиот век, беше хотел, а сега има станови. Бидејќи сме на горниот кат, може да се каже на покривот, имаме и неколку тераси каде што садевме билки и цвеќиња. Делиме една тераса со нашите драги пријатели и соседи и поминуваме време заедно“, ја започнува својата приказна актерката Џулиен Мур.








