Драган Тапшанов не успеа да ги задржи солзите во „Полиграф“: „Најголем страв ми е да не сум тука за моето дете“

Познатиот фотограф и травел инфлуенсер Драган Тапшанов беше гостин во „Полиграф“ кај Стефонатор, каде отворено зборуваше за својот живот, патувањата, семејството, но и за најголемите стравови што ги носи како татко. Тапшанов, кој со сопругата Едит и синот Марк често патува и споделува дел од своите авантури, беше особено емотивен кога разговорот се насочи кон неговото дете. На прашањето дали се смета за добар татко, следуваше долга тишина. По некое време, Тапшанов призна дека нема едноставен одговор.