Спорна ситуација на полуфиналето на СП: Дали Јамал играше со рака пред пеналот за Шпанија?
Французите, особено нивниот селектор Дидие Дешан, се огорчени од судењето на Иван Бартон (35) од Ел Салвадор. Тие тврдат дека пеналот со кој Шпанија поведе е досуден премногу строго. Лукас Дин, во обид да ја исчисти топката, го удри Ламин Јамал, кој се прикраде зад него. Дин не го виде и ја промаши топката, а наместо тоа го удри Јамал во ногата.








