Нискобуџетниот хорор филм го престигна култниот класик и влезе во филмската историја - заработил огромна сума на пари
Нискобуџетниот независен хорор трилер „Опсесија“ („Obsession“) постигна неверојатен успех, бидејќи во осмата недела од објавувањето ја надмина заработката од 400 милиони долари на светските кино благајни. Филмот досега заработил 245,3 милиони долари во Северна Америка и 157,8 милиони долари на меѓународните пазари, иако е снимен со скромен буџет од само 750.000 долари, пишува „Hypebeast“.








