Меси шоу во Канзас: Хет-трик за победа на Аргентина и неколку мундијалски рекорди

Лионел Меси постигна три гола на премиерниот настап на Аргентина на СП 2026 и со својот прв мундијалски хет-трик ефект успеа да собори неколку рекорди. Аргентина го победи Алжир со убедливи 3:0, а сите погодоци беа дело на ветеранот, кој уште еднаш покажа класа на големата фудбалска сцена и приреди шоу за фановите во Канзас Сити.