Гркот кој „заборавил да умре“: Му давале само неколку месеци живот, а тој живеел уште 40 години – велел дека тајната е во ова

Во 1976 година, на 60-годишен маж кој поголемиот дел од животот го поминал во САД му бил дијагностициран терминален карцином на белите дробови, а лекарите му рекле дека му остануваат само уште неколку месеци живот. Се вратил на родниот грчки остров Икарија, каде што луѓето живеат подолго отколку каде било во Европа, очекувајќи дека таму ќе почине. Наместо тоа, живеел уште повеќе од четири децении, станувајќи симбол на тајната на долговечноста на овој остров.