Ливаковиќ спасуваше, Будимир влезе и се покажа како голем „џокер“ за Хрватска

Хрватска дефинитивно не е во посакуван ритам во раната фаза на мундијалот, па во ситуација кога претрпе пораз од Англија, најважна вест е извојуваната тешка победа против Панама. Иако влегоа како апсолутни фаворити, „коцкестите“ се намачија за да го скршат аутсајдерот, а во првото полувреме мораа да се потпрат и на испирацијат и класата на Доминик Ливаковиќ.