Фановите не престануваат да го критикуваат трејлерот за играната адаптација на „Moana“: „Безживотно ѓубре што ќе заработи милијарда долари“

Како и повеќето играни адаптации на „Disney“, „Moana“ наиде на негодување кај обожавателите на социјалните мрежи. Додека некои се жалат на неоригиналноста на „Disney“, други не престануваат да го исмеваат изгледот на Двејн Џонсон и CGI-животните.