Првиот руски хуманоиден робот направи неколку чекори, и потоа падна на сцена

Русија минатата недела го претстави првиот домашен хуманоиден робот базиран на вештачка интелигенција, наречен Aidol, кој имаше неславно деби. Роботот влезе на сцената под звуците на триумфалната музија од филмот “Роки”, и наместо да ја импресионира публиката со своите можности, роботот направи неколку несигурни чекори, и падна на лице, во инцидент кој набрзо стана вирален на социјалните мрежи.