Страшниот ураган ја опустоши Јамајка: Сега се движи кон Куба, станувајќи сè посилен

Екстремнно моќниот ураган Мелиса се движи кон Куба откако ја опустоши Јамајка. Тоа е најсилната бура со која некогаш се соочила островската земја. Со ветрови што се приближуваат до 300 километри на час, ураганот од категорија 5, највисок на скалата Сафир-Симпсон, стигна до копното во западна Јамајка околу пладне.