„Луфтанза“ го објавија краткиот филм-спот „Лет кон Јапонија“: „Го посветуваме овој краток филм на жртвите на ужасниот пожар во Кочани“
Домашниот бенд „Луфтанза“ објави краток филм „Лет кон Јапонија“, кој е своевиден видео спот за две нивни песни „Лет“ и „Јапонија“, тука споени заедно.
Се работи за претпоследната и последната тема од ланскиот албум „Далеку од вистинското нешто“, објавен за независниот издавач „Мртов коњ“. „Го посветуваме овој краток филм на жртвите на ужасниот пожар во Кочани. Овие млади луѓе заслужија многу повеќе од своите животи, но тоа им беше одземено од систем кој продолжува да величи и да се храни од неправедност, корупција, неодговорност, поделба и страв. Нивната жртва не смее да биде залудна и нивните гласови не смеат да останат нечуени и осамени. Борбата за правда продолжува“, соопштија од бендот.
Домашниот бенд „Луфтанза“ објави краток филм „Лет кон Јапонија“, кој е своевиден видео спот за две нивни песни „Лет“ и „Јапонија“, тука споени заедно. Се работи за претпоследната и последната тема од ланскиот албум „Далеку од вистинското нешто“, објавен за независниот издавач „Мртов коњ“. „Го посветуваме овој краток филм на жртвите на ужасниот пожар во Кочани. Овие млади луѓе заслужија многу повеќе од своите животи, но тоа им беше одземено од систем кој продолжува да величи и да се храни од неправедност, корупција, неодговорност, поделба и страв. Нивната жртва не смее да биде залудна и нивните гласови не смеат да останат нечуени и осамени. Борбата за правда продолжува“, соопштија од бендот.